Пијан охриѓанец со своето возило влегол во Плаошник па ја нападнал полицијата

 

Вчера вработен како обезбедување во Плаошник пријавил дека маж со своето возило кој бил во пијана состојба влегол во комплексот.

Се работи за 45-годишниот В.Т. од Охрид кој со своето возило марка „фолксваген“ влегол преку оградата во комплексот „Плаошник“, а кога дошле полициски службеници избегал во непознат правец. Мажот кој бил пијан и по издадената усна наредба да застане почнал да фрла камења кон полицајците, а бегајки, два пати паднал во ископините.

Кога полицијата го фатила тој со рака замавнал кон полицајците, но не успеал да ги удри. Потоа замавнал и со нога  и го удрил другиот  полицаец во пределот на десната надколеница.

При извршено алкотестирање кај охриѓанецот е откриено присуство на алкохол во крвта од 1,97 промили. 

најчитано сега