Береле ореви од туѓа нива - тепачка во Струмица

Вчера околу 12:00 часот во атар на с.Ангелци-Струмица, кај местото „Тенкиот пат“ или „Ковачница“, струмичанецот З.Т.(49) отишол да го види своето лозје, по што затекнал како две непознати лица вршат кражба на ореви од нивата. Кога отишол и им ги земал оревите,  настанала расправија помеѓу нив, по што лицата си заминале.

По кратко време тие дошле со уште две-три непознати лица и почнале да го удираат З.Т. во пределот на главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Неможејќи да се справи со истите, побарал помош од присутните во соседните ниви, по што дошле В.К.(52) и В.Т.(69), кои кога виделе дека е повреден, го качиле во тракторска приколка и го однеле во с.Ангелци, од каде го пренеле во М3едицинскиот центар Струмица, каде му се констатирано тешки телесни повреди во пределот на главата.

Поради сериозноста на повредите и во неконтактибилност, истиот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. По обавениот разговор со В.К. и В.Т., утврдени се можните извршители на делото. Во Полициска станица приведени се М.П.(23) и Ѓ.П.(14) од с.Ангелци-Струмица, а се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите сторители.

08.09.2014 - 14:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега