Гостиварчанец остана без злато вредно 4.290.000 денари

Непознат сторител извршил тешка кражба во куќа во гостиварското село Чајле, при што одзел поголема количина на златен накит, во вредност од околу 4.290.000 денари.

Како што соопшти МВР, кражбата била извршена во временскиот период од 5-ти до 7-ми овој месец во куќата сопственост на Ј.Ј.

Полицијата извршила увид на лице место и презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

08.09.2014 - 14:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега