Крадците не запираат - украден златен накит во тетовско

Непознат сторител вчера извршил тешка кражба на златен накит во вредност од 1.800.000 денари, во куќа во тетовското село Градец.

Кражбата, како што информира МВР, се случила во временски период од 20:00 часот до 23:00 часот во село Градец,  во куќа сопственост на Т.С.(65).

Сторителот најверојатно низ прозорецот од купатилото влегол во куќата, извршил пребарување и го одзел златниот накит. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Тетово. Полицијата презема мерки за пронаѓање на сторителот. 

08.09.2014 - 15:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа