Убиен уште еден Албанец во Сирија

Уште еден Албанец од Македонија е убиен на боиштата во Сирија, како припадник на ИСИС. На социјалните мрежи поставена е негова слика и пишува дека тој загинал како „шехид“.

- Нашиот брат од Скопје, Џелал загина како шехид. Алах го прими како шехид и ќе не обедини во рајот, пишува на страницата на џихадистите.

Со смртта на Џелал Самакова (23), кој за Сирија заминал во април, официјалниот број на убиени Албанци од Македонија на боиштата во Сирија се искачи на десет.

Последните денови од август беше соопштено дека во Сирија е убиен Бурхан Беслими (23) односно Абу Бакар Ал Сидиќ, од Скопје, поточно од населбата Гази Баба. Неколку дена претходно беше убиен стружанец, кој пред заминувањето во Сирија живеел во Австрија, а пред повеќе години се откажал од македонското државјанство. 

09.09.2014 - 10:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега