Во Пехчево се почна со бербата на аронија

На плантажите на Равна Река кај Пехчево започна бербата на аронија од годинашнава реколта. Според очекувањата на сопственикот Ѓорѓи Поповски годинашниов род ќе тежи околу 4.000 килограми.

Ова е релативно ново овошје во Малешевијата, донесено од Русија пред 16 години и по составот на витамини што ги содржат свежите плодови го нарекуваат „Витаминска бомба“.Медицинарите го препорачуваат како природен антиоксиданс.

Цената на еден килограм свежа аронија на македонскиот пазар се движи од 5 до 8 евра, а на пазарите во европските земји достигнува и до 20 евра.

Во соработка со Институтот за овоштарство и Факултетите за земјоделство и храна Ѓорѓи Поповски во рамки на плантажата на Равна Река има формирано репроцентар за аронија од кој годишно на заинтересираните овоштари им испорачува по околу 2.000 садници.

- Аронијата е овошна култура за која Пијанечко-малешевското поднебје има идеални почвено-климатски услови за одгледување, вели Ѓорѓи Поповски и очекува поголем интерес за нејзино ширење, пред се од младите земјоделци.

09.09.2014 - 10:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега