Автомобилски карамбол во Скопје: Искршени дваесетина автомобили - десетици во болница

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 39 сообраќајни незгоди.

Во петокот, на 5 септември, извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и девет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 16 лица.

Се случила и една незгода со тешки телесни повреди. Истата се случила во 11 часот на бул. „Гоце Делчев“ со крстосницата од ул. „Лазар Личеноски“ во која учествувало патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички и пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и истиот со возило е пренесен во Ургентниот центар.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во саботата, на 6 септември, извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и 11 со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле 19 лица.

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во 17 часот и 10 минути на крстосницата од ул. „Ресенска“ со ул. „Втора македонска бригада“ во која учествувале патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и мопед со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во неделата, 7 септември, извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и двајца сопатници.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во понеделникот, 8 септември, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди од страна на сообраќајната полиција. Од нив, четири се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во 13 часот. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и мопед со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 51 возач кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 52 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 20 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на обележан пешачки премин, 30 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 95 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 13 возачи на велосипед со помошен мотор, мопед и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 88 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска има најава за вонреден настан. Во официјална посета на Република Македонија ќе пристигне претседателот на Владата на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. За време на движењето на колоната возила под придружба кон градот Скопје, како и по сообраќајниците низ градот ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сообраќајници. Сообраќајната полиција апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе бидат давани од нејзина страна да бидат внимателни и трпеливи. Веднаш по поминувањето на колоната под придружба од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземани мерки за целосно регулирање на сообраќајот

09.09.2014 - 10:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа