Почина легендарниот сопран на Македонската опера и балет

На 5 септември 2014 г. почина сопранот Васка Биџова-Гајдова, уметник од првата генерација на основоположниците на Македонската Опера и Балет.

По тој повод, како сеќавање за неа, во среда, 10 септември, 2014 г. во 11 часот во Прес салонот на МОБ, ќе се одржи комеморативна седница.

Васка Биџова-Гајдова трајно ќе остане во сеќавање по нејзиниот прекрасен колоратурен сопран, или како што ја наркуваа „Славејчето на операта“. Ке биде запаметена по улогите на Адина во „Љубовен напиток“, Евридика „Орфеј и Евридика“, Кралицата на ноќта „Волшебната флејта“, Лучија во „Лучија од Ламермур“, Џилда во „Риголето“, Фјордилиџи „Така правата сите“, Розина „севилскиот бербер“ и многу други. Ќе остане запаметена и како коректен соработник и колега.

09.09.2014 - 11:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега