Јавноста згрозена од вокабуларот на Геровски

Ударната медиумска тупаница на СДСМ, уредникот на „Плусинфо“ и „Слободен печат“ Бранко Героски упати пцовки и вулгарни навреди кон група луѓе нарекувајќи ги со низа погрдни зборови, пишува Курир.

Пораката која преку Фејсбук ја испрати Героски до неколкуте лица и како што самиот вели, “останатите џукели“, ја згрози јавноста. Според Героски, овие луѓе биле “малоумници“ и единствено што можеле да направат било да му го “поп*шат“.

-Branko Nikolovski, Gjorgji Crcevski, Zoran Jevtic, Matej Stoilov, Ivan Kusinikov, Kire Zdraveski и останатите џукели на кучкарот Миленко. Се додека вашиот керовоѓа нема смелост да ми дозволи да коментирам под неговите навредливи постови и таму да ви кажам какви малоумници сте, немам друго да ви кажам освен дека – можете да ми го попушите!, напиша Героски во вулгарниот пост на својот профил.

Со ваквиот срамен и низок вокабулар, Бранко Героски не само што го презеде “вордингот“ на Саше Ивановски – Политико, туку истиот го надгради и прошири.

Героски е само уште еден од многуте опозициски пулени кои на највулгарен начин го навредуваат сопствениот народ. Пред два дена, во очи на Денот на независноста, Мирјана Најчевска на најбрутален начин го навреди македонскиот народ, нарекувајќи го глупав.

-Не, не е шутрачки овој народ. Не е ни уплашен.  Вистината е многу поедноставна.  Овој народ е едноставно глуп. Како цепаница. Неделкана, напиша Најчевска, напиша самопрогласената активистка за човекови права.

Доколку на ова се додаде и срамната навреда од страна на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски во екот на кампањата, кога вулгарно ги навреди македонските граѓани нарекувајќи ги стока, станува јасно што опозициските пулени, а во случајот со Пендаровски и самите политичари од опозицијата сметаат за макеонските граѓани. За опозицјата, очигледно народот е тој кој не чини. 

09.09.2014 - 12:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега