Стружанец криел цел арсенал оружје во неговиот дом

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против лицето Ф.Б.(20) од струшкото село Горно Татеши.

СВР Охрид денеска соопшти дека на 24 јули годинава, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронашле една полуавтоматска пушка со бајонет сокриена во спалната соба и еден оптички нишан марка „Гамо“.

- Дополнително, во платнена зелена торба од заштитна маска пронајден е еден револвер марка „Екол Випер“ калибар девет милиметри, два држачи за куршуми и една празна рамка за полуавтоматска пушка, информира СВР Охрид.

Одземеното оружје е предадено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје од каде, по извршените анализи утврдено е присуство на нитратни честитки во цевките од оружјата.

09.09.2014 - 12:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега