Камен пијан струмичанец тепал полицаец среде полициска станица

Камен пијан струмичанец вчера нападнал полициски службеник среде полициската станица во Струмица. Како што информира полицијата, 41 годишниот М.Д. започнал да го омаловажува полицискиот службеник незадоволен бидејќи не му бил пронајден моторциклот, кој го пријавил за одземен истиот ден. М.Д. бил предупреден да не го нарушува јавниот ред и мир, но тој и понатаму продолжил со нарушувањето и побарал прием кај сменоводителот во полициската станица.
 Откако на М.Д. бил замолен да почека бидејќи имало други странки, истиот почнал да го влече за палтото од униформата полицискиот службеник и со тупаница го удрил во пределот на градите и во пределот на рамото. Истиот бил доведен во послушност и при алкотестирање на пријавениот било утврдено присуство на алкохот од 1,82 промили.
Полицијата најавува кривична пријава

09.09.2014 - 12:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа