ВИДЕО: Македонското знаме се вее во Њујорк

Во чест на Денот на независноста на РМ, а во организацијана Генералниот конзулат на Република Македонија во Њујорк и Обединетата македонска дијаспора, вчера се одржа церемонија на свечено подигнување на македонското државно знаме.

Историски ден за Македонија-  вака организаторите го нарекоа вчерашниот ден.

Вистински спектакал приреди Обединетата Македонска Дијаспора, која е заслужна за овој чин и чии претставници облечени во традиционални носии имаа своевидна церемонија на кревање на знамето.

Пред присутните, се обрати претседателот на ОМД, Мето Колоски кој на македонски јазик им го честиташе денот на независноста на Македонците, а потоа на англиски говореше за македонската независност.

09.09.2014 - 12:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега