Огромна карпа му ја смачкала левата нога - рудар повреден во рудникот во Пробиштип

Повреден е рудар во рудникот за олово и цинк во Пробиштип, пишува Канал 5.

Станува збор за човекот кој пред десет дена се здоби со златната плакета за најдобар рудар, кратовчанецот И.К. кој на работното место се здобил со скршеница на левата потколеница. До несреќата дошло откако во една од јамите на пробиштипскиот рудник, „Индо Минерали и метали“, И.К. во моментот додека бушел еден од камените блокови, поголем габирит се откинал и му паднал врз левата нога. Тој вчера вечерта бил префрлен на Штипската Клиничка болница,но поради дефект на апаратоте, веднаш бил префрлен во Скопје каде завршил на ортопедија.

Неговите колеги веднаш го извлекле и со возило на рудникот го пренесле во пробиштипскиот здравствен дом.

Причината поради која не можеле лекарите во Штип да интервенираат била дефектот на рендген апаратот, кој бил неопходен за итно оперативниот зафат, кој требало да му се изврши на рударот за да се вгради имплант во пределот на левата потколеница.

„Ова е втора несреќа со посериозни повреди за рудар за оваа година, изјавил Републичкиот рударски инспектор Драган Димитровски. За девет месеци од годинава, за разлика од минатите, црната хроника за македонските рудници не бележи човечки жртви, дополни Димитровски.

 

Од Републичкиот рударски инспкторат за утре најавија подетална истрага, додека денеска јамата каде се случила несреќата е затворена.  

09.09.2014 - 13:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа