ВИДЕО: Вечерва премиера на Ајфон 6

Во калифорниската силиконска долина, вечерва ќе биде претставен Ајфон 6- најновиот паметен телефон на кој се работеше четири години.

Сите недоумици за супермоќите на новиот паметен телефон од компанијата Епл, ќе бидат разрешени денеска во 19 часот.

 

Она што е познато е дека, најновиот модел на ајфон има поголем екран од претходниот модел, изработен е од стакло кое е отпорно на гребење.

Како што велат стручните лица, овој паментен телефон е направен за деловните луѓе, може да послужи и како платежна картица, да укажува на здравствената состојба на корисникот и да му ја предвидува големата популарност на пазарот.

 

Ајфон 6 во продажба ќе се појави во 2015 година. Цената се уште не е објавена.

09.09.2014 - 16:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега