Штрајк во скопското Хемиско училиште - немало професори Албанци

Учениците-Албанци од 16 паралелки во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ ја бојкотираат наставата од стартот на учебната година со барање да се вработат професори Албанци за предметите каде сега ги нема, психологот и педагогот во училиштето да се Албанци, таблата на влезот да биде двојазична, а Албанец да биде и заменик-директорот на училишштето.

Директорот на училиштето Павле Павлов вели дека тој нема ништо против да враоти педагог или психолог Албанци или неговиот заменик да е Албанец, но за тоа вели дека треба да се направи нова систематизација од надлежните државни органи и Градот Скопје. Тој додава дека за дел од предметите наставен кадар на албански јазик е дефицитарен.

Родителите-Албанци се категорични дека нема да ги пуштат децата на настава додека не се исполнат нивните барања.

09.09.2014 - 20:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега