Нови детали: Едно лице повредено во запалениот автомобил во Ново Лисиче

Едно лице е повредено во автомобилот кој од се уште неутврдени причини вечерва се запали на паркинг во скопско Ново Лисиче. Во моментов екипа на Брза Помош, повредениот го однесе во болница. Според првичните и неофицијални инфорамции, тој има изгореници на рацете, здобиени најверојатно кога се обидел да му се доближи на запалениот автомобил. Во пожарот оштетено е уште едно возило кое било паркирано во близина. Полицијата во моментов врши увид, а пожарникарите ја завршија својата работа.

09.09.2014 - 23:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа