Во Министерството за земјоделие ќе се расправа за предлог законот за АД Водостопанство

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе се одржи јавна расправа за Предлог-законот за АД Водостопанство.

На јавната расправа на која ќе учествуваат претставници од водостопанските организации, научните институции, водните заедници и земјоделските здруженија, ќе присуствува и министерот Михаил Цветков.

Согласно Предлог-законот, новото акционерско друштво во државна сопственост ќе се формира со цел успешно реализирање на најавените инвестиции во водостопанството од 20 милиони евра годишно и обезбедување подобри услуги за земјоделците.

Седиштето на Водостопанство на Република Македонија ќе биде во Скопје, а постоечките 12 водостопански претпријатија ќе станат негови подружници. Во оние места каде што нема вакви претпријатија или каде што водостопанските друштва покажуваат послаби резултати можно е да бидат формирани нови претпријатија.

10.09.2014 - 09:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега