Седумгодишно тетовчанче прегазено со трактор

Седумгодишно дете од Слатино почина откако било удрено од трактор со приколка.

Според Јавното обвинителство во Тетово, несреќата се случила вчера попладне околу 18 часот кога детето се враќало од училиште заедно со повеќе негови другарчиња.

Детето било удрено од задниот дел на нерегистрираниот трактор кој бил управуван од 55-годишниот Џ.И.

Повреденото дете било префрлено во тетовската Клиничка болница, но лекарите констатирале смрт.

Увид извршиле екипи на СВР Тетово и Јавното обвинителство по што се работи на утврдување на причините за несреќата.

10.09.2014 - 10:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа