Ригорозни мерки за аџиите на скопскиот аеродром поради ризик од ширење на ебола

Здравствените власти тврдат дека повеќе нема простор за сомневања за тоа дека 19 годишниот нигериски студент е заразен со ебола, пишува Сител, а пренесува Здравство 24. Ќе бидат превземени превентинвни мерки за момчето кое што повеќе нема покачена температура. Тоа ќе биде под надзор во Инфективна неколку денови. Пред него имаше уште двајца студенти од Нигерија кои што беа во карантин откако кај нив на термалната камера беше откриено дека имаат температура над 37 степени. Освен нигеријците изминатиот период овој апарат регистрираше уште 21 лице кои биле задржани во посебните аеродромски простории. Бидејќи не доаѓале од ризични земји, покрај епидемиолошка анкета биле советувани да се јават на матичен лекар. ….станува збор за лица од соседните земји или од ЕУ кои не се ризични земји. Покачената температура може да е и од вирус, или од патувањето…Се прашуваат каде, како со кого биле во контакт. Тоа биле лица каде температурата била над 37-миот степен. Покачена темепратура инаку даваат маларија и многу други заразни болести, вели др. Јованка Костовска член на Комисијата за заразни болести.

Од друга страна, во моментот двајца македонски граѓани работат во Нигерија која е ризична земја поради еболата. Но она на што посебно ќе внимаваат здравствените власти се аџиите кои за десетина дена заминуваат во Саудиска Арабија. Веќе добиле совети и препораки за заштита од еболата а на враќање врз нив ќе има засилени ригорозни  контроли. ..Таму ќе има концентрација на милиони луѓе,ќе има и од ризичните земји и затоа ние ќе обратиме посебно внимание оваа година при нивното враќање. Тие веќе добиваат вакцини од маларија и други заразни болести. При нивното враќање ќе има засилени превентивни контролни мерки, вели Костовска Што се однесува до граничните премини, здравствените власти упатиле известување до МВР доколку помине некој патник од ризичните земји да го известат државниот санитарен и здравстве инспекторат.

10.09.2014 - 10:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега