ФОТО: Еве што остана од автомобилот што изгоре во Ново Лисиче

Целосно изгоре автомобилот кој вчера вечерта се запали во скопско Ново Лисиче. Околу 22:30 часот граѓаните пријавиле дека гори автомобил на паркингот пред зградата со број 11 во оваа скопска населба во општина Аеродром. На лице место веднаш дојде протипожарна екипа, заедно со полиција и возило на Брза Помош. Пожарникарите интервенираа околу плинската боца на автомобилот и подолг период ја ладеа за да не дојде до експлозија. 
Сопственикот на возилото заработи полесни повреди во вид на изгореници на рацете по што беше префрлен во болница. 
Во пожарот оштетен е и уште еден автомобил кој беше паркиран во близина. Утрово екипи на осигурителните компании правеа проценка на штетата.

10.09.2014 - 11:41
Фото: 
Плусинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа