Скопје: Се карал со мајка му па ја запалил куќата во која биле жена му и ќерка му

Скопската полиција поднесе кривична пријава против С.Б.(37) од Скопје за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 05.09.2014 година, околу 22,00 часот во семејната куќа на ул. „Финска“ во скопско Ченто, пријавениот кој бил под дејство на алкохол, по претходна расправија со мајка му, со запалива течност и отворен оган предизвикал пожар во куќата во која се наоѓале неговата сопруга и неговата ќерка. Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

10.09.2014 - 12:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега