Го олеснил за повеќе од 7000 евра - тешка кражба во Скопје

Непознат сторител во периодот од 06.09.2014 до 08.09.2014 година со употреба на погоден алат и физичка сила успеал насилно да влезе во домот на триесет и седум годишниот Т.А. на ул. „Рилски конгрес“ во Скопје и да украде 1,700 евра, златен накит и рачни часовници, два лап топ компјутери. Притоа арамијата успеал да се стекне со противправа имотна корист од 485.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

10.09.2014 - 12:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега