Домовите на кутлтура во Илинден опремени со нови компјутери

Општина Илинден доби 10 компјутери од компанијата ОКТА  наменети за домовите на култура, пред се за потребите на канцелариите за односи со јавноста сместени во овие домови. 

- Ова можеби е мал гест од ОКТА, но верувам дека ќе има значајно влијание за граѓаните на Општина Илинден. Донираните компјутери ќе ја забрзаат и поедностават секојдневната соработка меѓу граѓаните и нивната општина и со тоа ќе го направат нивниот живот многу полесен, изјави Виктор Папаконстантину, генерален извршен директор на ОКТА на примопредавањето на донацијата.

Градоначалникот Жика Стојановски заблагодарувајќи се за донацијата истакна дека со компанијата ОКТА Општина Илинден има одлична соработка која што досега дава конкретни резултати.

- Оваа компанија навистина покажа што значи една општествено одговорна компанија и тоа го покажува постојано со дела. Добиената техничка опрема значително ќе придонесе за поголема ефикасност и ефективност  на општинската администрација и подобрување на инфоматичкиот капацитет на Општината, со што граѓаните ќе добијат квалитетна и навремена услуга, истакна Стојановски.

Досега компанијата ОКТА донираше компјутери и опрема за средното стручно училиште „Илинден“, а со Општината се спроведува програма за стипендирање на талентирани ученици и вработување по завршеното средно образование. 

10.09.2014 - 12:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа