Над 200 одобренија за диви градби издадени во јули

Во јули годинава се издадени 209 одобренија за градење што е за 16,8 отсто повеќе во однос на истиот месец од 2013 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.453.003.000 денари што е зголемување за 344,2 проценти во однос на јули лани.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 146 (69,9%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11,4%) за објекти од нискоградба и 39 (18,7%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 209 објекти, на 141 (67,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 68 објекти (32,5%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 314 станови со вкупна корисна површина од 29.573 метри квадратни.

10.09.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа