Груевски на средба со претставници од компанијата Гришко

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со претставници на компанијата Гришко.

По средбата се предвидени изјави за медиумите на претставници на Владата и претставници на компанијата.

Настанот ќе се одржи во Владата на Република Македонија, а почетокот е предвиден за 12:30 часот.

Оваа компанија според најавите ќе отвори втора фабрика за производство на балетски обувки во Македонија. Првата фабрика која вработува 80 лица, Гришко ја отвори во март минатата година. Фабриката е лоцирана во демирхисарското село Слепче.

 

10.09.2014 - 13:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега