ВИДЕО: Епл го претстави новиот Ајфон 6

Ајфон модел кој ќе се продава во текот на оваа година.

Сите гласини се остварија! Добиваме поголем Ајфон 6 со екран од 4,7 инчи, но беше презентиран и уште поголем Ајфон 6 Плус со екран од 5,5 инчи.

Дизајнот на Ајфон 6 е идентичен со сите концепт телефони кои ги гледавме во минатите месеци и претставува втора подрастична промена во дизајнот, со преминување од коцкаст во заоблен дизајн.

Димензиите на уредот се 138,1 x 67 милиметри, со дебелина од само 6,9 милиметри, за разлика од претходниот Ајфон 5s кој има дебелина од 7,6 милиметри.

Според Епл, новиот модел е до 50 отсто побрз во процесирање и до 25 отсто побрз графички од претходниот модел.

Засега нема точни информации за батеријата, но Епл напомена дека би добиле дури до 4 часа повеќе зборување на 3G и 1 час повеќе гледање на видео.

10.09.2014 - 14:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега