Три нови случаи на жолтица во Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово евидентира три нови случаи на заболени од заразна жолтица од тип А. Надлежните од оваа установа информираат дека станува збор за контактно ширење на болеста во две семејства.

- Заболените се на возраст од 4 до 16 години, вели доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

Од Инфективното одделение од кумановската болница соопштија дека заразените се задржани на лекување. - Мора да се потенцира дека оваа бројка на заболени е вообичаена во овој период од годината, вели доктор Азиз Бајрами, инфектолог во општа болница Куманово.

Од Центарот за јавно здравје, додаваат дека будно се следи епидемиолошката состојба. Претходнот месец, екипи на Центарот презедоа повеќе превентивни мерки. Пред почетокот на учебната година беше извршена и дезинсекција на училиштата и градинките на подрачјето на Куманово. Лекарите повторно препорачаа дека одржувањето на личната хигиена е неопходно како превентивна мерка за заштита од оваа заболување, познато како „болест на нечисти раце“. 

10.09.2014 - 14:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега