Велес: Сигнаа фигурите, шах може да се игра на отворено

Пред Ликовниот салон во Велес деновиве е направена првата голема шаховска табла на плочникот, а донесени се и фигури за играње за шах кои се чуваат во салонот.

Шаховската табла ја постави Оштина Велес, која ги повикува љубителите на шах бесплатно да играат шах на отворено со своите пријатели.

Како што информира Мартин Мајсторов портпарол на општина Велес, се вршат подготовки деновиве и званично да започне играта на шах на отворено.

- Во преговори сме со шахистите од градот да се вклучат и да играат шах на отворено, изјави Мајсторов и додаде дека шаховски табли на отворено има во сите поголеми градови во Европа и светот.

10.09.2014 - 15:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега