Расте бројот на првачиња во Кичево

По неколкугодишен негативен тренд, се зголемува бројот на првачиња во општина Кичево,  особено во училиштата во руралните средини.

Во најголемото основно училиште „Санде Штерјоски“ во Кичево, најмногу е зголемен бројот на ученици во настава на алабански јазик, благо е намален бројот во настава на македонски јазик, а константен е бројот на првачиња од турската етничка заедница.

Директорот на ОУ „Санде Штерјоски“ Лулзим Мехмеди соопшти дека во прво одделение во 2014/2015 за настава на албански јазик се запишани 71 ученик, на македонски јазик 47 и на турски јазик 23

10.09.2014 - 16:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега