Тетово во црно: Второоделенец загина враќајќи се од училиште

Ученик во второ одделение загина откако вчера околу 18 часот беше прегазен од трактор во тетовско Слатино

Враќајќи се од училиште со група други ученици,, детето најверојатно било удрено со задното лево тркало од цистерната и задобило тешки телесни повреди.Со друго возило, веднаш е пренесено во тетовската клиничка болница, но за жал веќе било предоцна.Лекарите во болницата само ја констатирале смртта  на детето.

На местото каде е прегазено детето, полицијата и обвинителството направиле увид, а возачот бил обезбеден и со него се разговарало во полициска станица.

Тракторот со цистерната е одземен за вештачење.

Од полицијата велат дека преку понатамошната истрага ќе се дознаат уште детали, за тоа како дошло до трагедијата. 

10.09.2014 - 21:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега