Хакирани 5 милиони акаунти на Gmail - тука проверете дали е безбеден вашиот e-mail

Речиси 5 милиони адреси и лозинки денес беа откриени на руски форум. Админите на форумот ги отстраниле лозинките од документот, но таму сè уште стојат корисничките имиња на оние кои биле хакирани.

За среќа, постои начин на кој може да проверите дали Вашата адреса била хакирана. Одете ОВДЕи внесете ја Вашата адреса. Доколку не сакате да внесувате адреса на страница која не Ви е позната, едноставно променете ја лозинката.

 

Според „Дејли дот“, одговорни лица од „Гугл“ објавиле дека голем дел од податоците се застарени, а корисникот кој ги објавил податоците тврди дека приближно 60% од лозинките се нови.

10.09.2014 - 21:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа