Србија го прегази Бразил за полуфинале на СП во кошарка

Кошаркарите на Србија се пласираа во полуфиналето на СП во Шпанија, откако во четвртфиналето го декласираа Бразил совладувајќи го со 84:56.

 По дуелот со Грција екипата на Александар Ѓорѓевиќ одигра уште еден извонреден меч и му се реваншираше на Бразил за поразот во групната фаза а со денешниот триумф си обезбеди место меѓу 4-те најдобри светски селекции. 

Србија ја предводеше извонредниот Милош Теодосиќ со 23 поени, 3 скока и 4 асистенции. Богдан Богдановиќ запиша 12 поени и 6 скока.

Кај Бразил Андерсон Варежао имаше 12 поени и 9 скока, 12 поени запиша и Виера.

За место во финалето србите ќе играат со победникот од мечот Шпанија - Франција.

 

 

10.09.2014 - 22:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега