Во кој правец се движи НАТО - состанок во Охрид за иднината на алијансата

Денеска во Охрид ќе се одржи „НАТО Самитот во Велс каде ќе се разговара за Иднината на алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан”. Работилницита е во организација на Маршал центарот на Република Македонија.

На состанокот ќе се разговара за одлуките од Самитот во Велс и како тие влијаат на иднината на Алијансата и на безбедноста на земјите од Западен Балкан.

Најавено е обраќање на министерот за одбрана Зоран Јолевски, како и учество на 30-тина експерти од земјите од регионот, универзитетски професори, политичари, претставници на НАТО и на дипломатскиот кор во Македонија.

Покровители на настанот се НАТО Секторот за јавна дипломатија и Европскиот центар за безбедносни прашања.

11.09.2014 - 09:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа