Вељановски во работна посета на Осло

- Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска и утре на покана на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа и претседателот на норвешкиот Стортинг ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти што ќе се одржи во Осло.

Во рамки на конференцијата, претседателот Вељаноски ќе се обрати на првата сесија „Основни уставни права и слободи - учество, доверба и јавна дебата како услови за демократија“.

На вториот ден од Конференцијата, Вељаноски ќе учествува и ќе се обрати на третата сесија „Мнозинство и опозиција - постигнување баланс во демократијата“. 

11.09.2014 - 09:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа