Еве со што ќе се занимаваат пратениците

Денеска ќе се одржат комисиите за европски прашања, за земјоделство шумарство и  водостопанство и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на комисиите за европски прашања и за земјоделство се предлог - законите за задолжителни нафтени резерви, за заштита и благосостојба на животните, и за изменување и дополнување на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, сите во прво читање. 

Законодавно-правната комисија, пак, треба да ги разгледа предлог-законите за изменување на законите за санитарната и здравствената инспекција, за биомедицинско  потпомогнато оплодување, за јавно здравје,  за нуспроизводи од животинско потекло, за образование на возрасните, за прекинување на бременоста, сите во прво читање. 

Дел од дневниот ред се и предлог – законите за изменување на законите за безбедност во снабдувањето со крв, за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, за задолжителни нафтени резерви, за заштита на населението од заразни болести, за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање,

11.09.2014 - 09:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега