Шесткратен успех на Sony на годинешните EISA награди

Посветеноста на Sony за создавање на производи кои ќе предизвикаат емоции кај потрошувачите, познат како КАНДО, беше препознаен и награден со шест награди за најдобар производ од страна на ЕISA, најголемата асоцијација на магазини за мултимедија во Европа. 

 

Најдобар професионален систем во категорија компактни фотоапарати во Европа за 2014-2015: α7R

Тргнувајќи пред се од потребите на напредните корисници, моделот α7R е фотоапарат кој не прави компромиси. Прекрасниот стил и малата тежина, го прават идеален за користење на подолги периоди. Според EISA, Sony има создадено вистинска иновација со овој модел, вклучувајќи голем 35мм сензор за целосна слика, во мал компактен фотоапарат без огледало, кој е единствен ваков фотоапарат во светот и тоа по неверојатна цена. Со 36 мегапиксели и нископропусен филтер, моделот Alpha 7R нуди највисока резолуција од било кој друг фотоапарат во оваа категорија, додека Sony BIONZ X процесорот овозоможува висока ISO чувствителност до 25,600, со релативно низок шум на сликите. Системот за автофокус базиран на детекција на контраст е брз и решителен, а флексибилниот 3-инчен екран нуди јасен и светол преглед на фотографиите. Вградените Wi‐Fi и NFC овозможуваат фотографирање и пренос на слики од далечина.

 

Најдобар компактен фотоапарат во Европа за 2014-2015: DSC-RX100 III

Создаден со цврст алуминиум, со цел да биде што полесен и поубав, Cyber-shot™ RX100 III моделот е идеален за патувања и се надоградува на репутацијата на своите претходници. Оценувајќи го како уште подобар од еден од веќе најдобрите компактни фотоапарати на денешницата, EISA му ја додели наградата за најдобар компaктен апарат во Европа на Cyber‐shot DSC‐RX100 III моделот. Задржувајќи ја високата резолуција од 20 мегапиксели и 1-инчниот CMOS сензор од претходникот, моделот RX100 III вклучува висококвалитетен електронски визир со 1.44 милиони точки истовремено задржувајќи ја џебната големина. Vario-Sonnar® T* објективот од 24-70мм со решетка од F1,8-2,8 заедно со BIONZ X процесорот на слика, гарантираат фотографии во висока резолуција со низок шум дури и при услови на слаба осветленост. Моделот RX100 III исто така вклучува флексибилен WhiteMagic LCD екран кој се врти за 180 степени со 1.23 милиони точки, вграден 3EV ND филтер, снимање видео во висока дефиниција, и Wi‐Fi/NFC поврзаност за споделување на слики и за далечинска контрола на фотоапаратот преку смартфон или таблет.

 

Најдобра камера во Европа за 2014-2015: FDR-AX100

FDR-AX100E е првата 4K Handycam® која што вклучува голем 1-инчен Exmor R™ CMOS сензор со заднинско осветлување кој е многу поголем од сензорите во вообичаените камери наменети за потрошувачи, снимаjќи беспрекорни 4K Ultra HD снимки (3840 x 2160 пиксели) со 4 пати повеќе детали од Full HD, истовремено овозможувајќи убав ефект на замаглување на позадината.

Сите оние кои поседуваат 4K/Ultra HD телевизори, сега ќе може самите да создаваат сопствени 4К содржини со оваа камера од Sony која изобилува со функции. Со компактен и лесен дизајн, нудејќи висококвалитетни компоненти, оваа камера на филмаџиите им овозможува врвна креативна алатка. На Carl Zeiss Vario‐Sonnar T* објективите им е додаден 1‐инчен Exmor R CMOS сензор и овозможува 12x оптички зум. Неколку режими на снимање, три ND Филтер функции и лесни прилагодувања што би ги очекувале од професионален уред ќе ви дадат целосна контрола, додека професионалниот BIONZ X процесор овозможува снимање во 4K со 25сл./сек., Full HD со 50сл./сек. во XAVCS формат и забавени снимки со 100сл./сек. Во меѓувреме, OLED визирот, Wi‐Fi/NFC конекцијата, SteadyShot стабилизацијата на слика и изборот на сцени го прават FDR‐AX100E вистинско задоволство за користење. Со оваа камера веќе нема да чуствувате недостиг од 4К содржини.

 

Најдобар 4K Ultra HD телевизор во Европа за 2014-2015: KDL-65X9005B

Овогодинешниот 4K телевизор со голем екран, BRAVIA™ X9, го нуди најдоброто од Sony со неверојатна слика и врвен звук спакувани во иновативен стил.

Без разлика на тоа дали ги гледате сопствените слики или видеа, подобрени Blu‐ray снимки или ТВ емитувања, или пак streaming нативен 4K материјал, овој 65-инчен ЛЕД екран импресионира, особено кога контролата ја има процесорот за подобрување на сликата. Уникатната Triluminos технологија од Sony нуди широк опсег на природни и реалистични бои, додека X‐tended Dynamic Range процесирањето овозможува одличен контраст. HDMI 2.0 подршката, и вклучен HEVC декодер и компатибилност со HDCP 2.2 го прават овој модел подготвен за сите идни 4К содржини. 'Wedge' дизајнот во комбинација со подобрените Magnetic Fluid звучници обезбедуваат автентичен бас и јасни, високи фреквенции – ниту еден друг телевизор не звучи толку добро.

 

Најдобар таблет за 2014-2015 во Европа: Xperia Z2 Tablet

Со Xperia Z2 таблетот, Sony разви таблет кој е истовремено елегантен и лесен. Користејќи висококвалитетни материјали, секој детал е внимателно изработен со цел да се создаде најтенкиот (само 6.4мм) и најлесниот (само 426г за Wi-Fi модел и 439г за LTE/3G модел) водотпорен таблет на светот, што го прави извонредно лесен и удобен за држење, дури и со една рака. Тенок, елегантен и шик - Sony Xperia Z2 таблетот е несомнено победник на EISA. Овој заводливо дизајниран таблет ќе го импресионира корисникот со неверојатен квалитет на сликата којшто го обезбедува преку 10.1-инчниот LCD IPS екран со резолуција од 1920x1200 пиксели кој овозможува живи бои, длабоки црни тонови и исклучителни детали. Молневито брз, Xperia Z2 таблетот го придвижува 2.3 GHz Quad‐Core Qualcomm Snapdragon 801 процесор, користи 3 GB RAM и Android 4.4 оперативен систем за најдоброто мобилно веб искуство без конкуренција. Лесен за носење и идеален за гледање филмови во целосна резолуција или за играње на омилените игри, таблетот има IP58-сертификат (водотпорен до 30 минути на длабочина од 1.5 метар во слатка вода) и супермоќната 6,000mAh батерија овозможува преку 13 часа целосен аудио-видео перформанс.

 

Најдобар HDD аудио плеер во Европа за 2014-2015: HAP-Z1ES

Прецизно создаден за вистинските аудиофилски стандарди, HAP-Z1ES HDD аудио плеерот ги репродуцира најдобрите музички детали од денешните аудио фајлови во висока резолуција. Музичките фајлови се чуваат на хард дискови од 1 терабајт во самиот плеер, и може да се префрлуваат безжично или преку кабел – од вашето PC или Mac користејќи ја ‘HAP Music Transfer’ апликацијата, која автоматски ги синхронизира новите содржини од вашиот компјутер.

 

Sony, кому му припаѓа заслугата за голем број новитети во аудио светот како што е револуционерниот вокмен, дигиталниот компакт диск и SACD, сега започнува една нова иницијатива да ја врати hi-fi репродукцијата на врвот на листата на желби на корисниците. На чело на новите виско-резолуциски аудио компоненти се наоѓа HAP-Z1ES дигиталниот музички плеер кој има вградено хард диск од 1ТБ и USB приклучок за проширување на капацитетот. HAP-Z1ES се поврзува со домашната мрежа преку Ethernet или Wi-Fi и обезбедува интернет радио преку vTuner платформата, меѓутоа музиката ја пушта директно од интерниот диск за целосно конзистентна и независна изведба. Динамичен и простран, HAP-Z1ES има капацитет да звучи уште подобро со избор на DSD ‐ надградба на резолуцијата на изворната музика. Тој е перфектен дигитален извор за сите ваши висoко-резолуциски аудио фајлови.

11.09.2014 - 10:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа