Вардар на гостувањето кај Борац ја оствари третата победа во СЕХА лигата

Шампионот на СЕХА лигата, Вардар синоќа во Бања Лука ја постигна и третата победа во ова натпреварување. Вардарци го совладаа домаќинот Борац со 31:22 (15:9).

Домашните ракометари беа равноправен ривал само во првите 15 минути до резултат – 5:5, а Вардар потоа направи серија од 4:0 за водство и воедно за нова победа. Најефикасен кај Вардар беше Добривое Марковиќ со 7 голови, додека Страхиња Милиќ имаше 15 одбрани.

„Црвено-црните“ на овој натпревар настапија без Арпад Штербик и Блаженко Лацковиќ.

Покрај овој натпревар вчера Раднички и Војводина одиграа нерешено 24:24. Денеска се игра натпреварот Мешков Брест и Нексе.

На чело на табелата се унгарски Веспрем и Вардар со по 9 бодови, додека Металург од два натпревара има три бодови.

Во сабота се игра дерби дуелот на водечките екипи, Вардар ќе гостува кај Веспрем. 

11.09.2014 - 10:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега