Пејач стана нов македонски амбасадор

Мрежата на македонската дипломатија се шири кон земји во Азија, па така во парламентот беа претставени двајца нови амбасадори. Тие ќе ја претставуваат Македонија во Казахстан, односно во Обединетите Арапски Емирати.

Првиот македонски амбасадор во казахстанскиот град Астана ќе биде Илија Псалтиров кој има кратко работно искуство во МНР, а инаку е доктор по економски науки и со магистратура од Европскиот колеџ во Варшава.

Инаку Илија Псалтиров го паметиме по пејачката кариера која започна во 1997 година на Скопски фестивал, со песната „Во одаите на мојата душа”, а го имаше речиси на сите домашни фестивали, а надвор го видовме и на „Шансон фест” во Загреб, „Будва 2000″ и „МУФ Вобан Зрењанин 2001″.

Неколку песни беа запазени, особено песната „Ти си вулкан“.  Освен како пејач, Илија често беше присутен на музичката сцена како автор на песни на повеќе други изведувачи.

Сега останува да видиме како Илија ќе се покаже како амбасадор!

11.09.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа