Систем за летови при магла на скопскиот аеродром

Воведување систем за сателитска навигација којшто ќе овозможи полетување и слетување на скопскиот аеродром во услови на магла,  е тема на денешниот состанок што го организира Агенцијата за цивилно воздухопловство.

За системот за сателитска навигација  на состанокот ќе дебатираат  преставници од ЕУРОКОНТРОЛ,  Европската комисија и Агенцијата за сателитска навигација при Европската Унија, како и претставници на М-НАВ, ТАВ Македонија и авиокомпаниите кои оперираат во Македонија.

11.09.2014 - 10:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега