Ова е најлошата вест за викендот што следи

Поројни врнежи од дожд најавуваат метеоролозите за попладнево низ Македонија, особено  во северозападните, западните и југозападните предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 31°C.

Во Скопје во четврток попладне ќе биде нестабилно со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 28°C. УВ индекс 5

Во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, во попладневните часови наоблачување и нестабилно со услови за локални врнежи од дожд и ветровито. Претежно сончево со локална облачност во текот на целиот ден ќе биде во југоисточните предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 10°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 30°C. УВ индекс 4.

Во сабота претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Во попладневните часови наоблачување кое ќе услови врнежи од дожд и грмотевици. Врнежи од дожд ќе има и во вечерните часови. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 9°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 22°C до 31°C.

 

Во недела во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува југозападен ветер. Утринските температури од 10°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°C односно до 28°C. 

11.09.2014 - 13:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега