Паника во Битола: Два волка побегнаа од Зоолошка градина

Денеска два волка од своето живеалиште во Зоолошката градина во Битола побегнаа, пишува Тера.

Едниот волк, како што за Тера изјави директорот на градината Коста Нешовски бил застрелан во обидот за бегство, а другиот заминал во шумата над Тумбе кафе.

Директорот на зоолошката градина  вели дека и нив не им е јасно како волците успеале да ја пробијат оградата.

Битолската полиција е известена за овој случај и ги превзема сите безбедносни мерки.

11.09.2014 - 14:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега