СДСМ бара да се прочисти Избирачкиот список - денешната седница на ДИК без опозицијата

Прочистувањето на избирачкиот список  е на дневен ред на денешната седница на Државната изборна комисија. Новиот предлог за прочистување на Списокот доаѓа во пресрет на бриселскиот Извештај за напредокот на земјава во евроинтеграциите, како и во време на бојкот од опозицијата. Прочистувањето на Избирачкиот список е едно од петте барања на СДСМ за враќање на опозицијата во Собранието. Се работи за предлози опфатени во Акцискиот план за спроведување на методологија за проверка на списокот изработен од ДИК.

Сепак, опозиста партија реши да не учествува на денешната седница на ДИК. Според нив, беспредметно е да се разговара за нивното барање во ДИК.

 

„Сметаме дека е безпредметно да се разговара за нешто што треба да е дел од петте точки за кои СДСМ бара да се преговара меѓу власта и опозицијата со цел да се обезбедат минимум услови за фер и демократски политички натпревар и избори“, изјави претставникот на СДСМ во работната група Дамјан Манчевски и нагласува дека бараат да се разговара за сите пет нивни барања и оти не гледаат потреба за парцијални разговори на поедини теми кои „нема да донесат решение на проблемите“, пренесува Радио Слободна Европа

12.09.2014 - 12:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега