Заев добивал сигнали дека ќе се реши спорот за името?!?

Лидерот на СДСМ Зоран Заев добивал сигнали дека е можно решение на спорот за името. Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека токму затоа, неговата партија не се фокусира на ова прашање

„За ова прашање во последно време не разговараме, заради тоа што стигаат сигнали за можно решение и не би сакал да бидам дополнителна причина за решавање или за нерешавање на овој проблем. Многу често СДСМ се има икспонирано на оваа работа“, вели Заев.

Интервјуто, овој медиум кој важи за близок до опозицијата ќе го објави викендов, па останува до тогаш да почекаме за да видиме кој му ги прќа овие сигнали на Заев

12.09.2014 - 12:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа