Иванов во Охрид на „Спортски бон-тон“

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во Охрид ги посети децата учесници на традиционалните спортски игри „Спортски бон-тон“.

- Проектот спортски бон-тон што денеска се реализира во Охрид е посветен на традиционалните детски игри. Од реакциите на децата се гледа дека им годи да се потсетуваат на игрите на нивните родители и предци и да откриваат во секој град кој го посетуваат која е специфична игра за тоа место. Тоа е еден вид учење, другарување, запознавање на децата меѓесебе, но и на градовите кои ги посетуваат оттаму што домаќините подготвуваат програма што е нивна специфичност, истакна претседателот Иванов и додаде декас портувајќи учат какви се правилата во спортот и какви се правилата во животот. Како се успева во животот и што е потребно да се постигне целта, но секојпат треба да се почитува противникот и правилата на игра.

Координаторот на проетот Иван Анастасовски истакна дека како организатори ќе се вложат напори сите активности односно сите традиционални, подзаборавени игри да се публикуваат.

- Традицијата е она што ќе не одржува во тој глобален свет и ќе не распознава и разликува од другите, со тоа што како организатори би биле најзадоволни доколку таа публикација по завршувањето на проектот би биле дисперзирана во сите општини, како трајно дело, истакна Анастасовски.

Проектот Спортски бон-тон имплементиран во 2012 година се реализира под покровителство на Претседателот на Република Македонија, со поддршка на Амбасадата на САД. Оваа година тој се реализира во општините Охрид, Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село и Свети Николе. 

12.09.2014 - 13:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега