Аделина Тахири се огласи по информациите дека била претепана

По пишувањата на албанските медиуми дека познатата пејачка, Аделина Тахири е претепана од страна на нејзиното поранешно момче, пејачката се огласи и за Телеграф.мк изјави дека тоа се глупости. 

-Веќе сум изморена од глупости, не е точно дека некој ме претепал. Нормално дека тоа не е вистина, изјави кусо Аделина.

Инаку албанските медиуми пишуваа дека наводно синот на вицепремиерот, Муса Џафери ја претепал Аделина, откако таа со нејзиното момче и нејзигиот брат го посетија барот „ Bar Square” во Скопје, исто така сопственост на синот на Џафери.

12.09.2014 - 14:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега