Се огласи синот на Муса Џафери - еве што кажа

Арианит Џафери, синот на Муса Џафери најостро демантира дека ја претепал пејачката Аделина Тахири.

- Категорично демантирам дека сум извршил напад врз било кое лице, а особено не врз пејачката Аделина Тахири, стои во демантот на Арианит.

Инаку, претходно албанските медиуми пишуваа дека поранешното момче на Аделина ја нападнало во доцните часови заедно со нејзиното ново момче и братот во барот "Bar Square" во Скопје.

Извор за Indeksonline изјавил дека пејачката е претепана и нема да може некој период да се појавува во јавноста.

 

12.09.2014 - 15:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега