Ова е најлошата вест за утрешниот ден

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и најпрво во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Во вечерните часови врнежите ќе се прошират и на останатите делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а доцна попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Врнежливото и нестабилно време ќе продолжи до вторник.

Во недела и во понеделник локало процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и со силни електрични празнења. За овој период се очекува локално да наврнат над 50 литри дожд на метар квадратен. 

12.09.2014 - 16:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа