Чудо од дете: Седмооделенец од Македонија ќе прави робот за Месечината

Седмооделенецот Матеј Предовиќ конструира робот кој ќе и’ помага на војската да ги пронајде непријателите, да ги пронаоѓа и бомбите, но истиот  може да се користи во градежништвото и да испитува цевки. 

Неговиот  робот му донел прво место меѓу стотина учесници на олимпијадата по роботика во Зрењанин, пренесува Канал 5.

-Мојот робот го освои првото место бидејќи беше најинтересниот и најдобриот робот таму. Роботот и служи на војската , треба да и помогне да ги најдат непријателите, исто така и за научниците да испитуваат опасни животни. Потоа за да се пронајдат бомби под коли, за градежништвото , да ги испитуваат цевките. Роботот инаку го конструирав за шест месеци, објаснил седмооделенецот Матеј Предовиќ во интервјуто во вестите за Канал 5.

12.09.2014 - 16:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега