Дачиќ доаѓа во официјална посета на Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ в недела и понеделник ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

dacic-gruevski500

Во соопштението од српското МНР, што го пренесува Танјуг, се наведува дека Дачиќ во Скопје ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Шефовите на дипломатиите на двете земји, се посочува, ќе разговараат за актуелната состојба на билатералните односи и перспективите за нивно натамошно унапредување, како и за актуелните меѓународни теми.

12.09.2014 - 17:56


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега