На два дена пред свадба новинар на македонската ТВ Алфа доживеал страшна сообраќајка

Новинарот Љупчо Цветановски, приклучувајќи се кон кампањата на Владата на Р.Македонија за безбедност во сообраќајот, пред камерата на Македонската телевизија сподели страшно искуство во кое доживеал сообраќајна несреќа.

ljupco-cvetanovski500

Цветановски пред неколку години доживеа страшна сообраќајна несреќа по која неговиот живот беше ставен во прашање.

- За жал и јас сум дел од таа најцрна статистика во Македонија. Во 2011 година додека возев мотор според сите правила и прописи и со пропишаната брзина и поминав на зелоно, носев и кацига која буквално тогаш ми го спаси животот. За жал, соочесникот во несреќата помина на црвено со автомобилот и јас завршив на неврохирургија и имав внатрешни крварења, но поради добрата физичка состојба преживеав, но пред се и поради кацигата што ја носев, раскажа Цветановски.

12.09.2014 - 21:01


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега